Германија

Меркел нема да се кандидира за лидерска позиција на ЦДУ

29.10.2018 14:03

Одлуката следи откако партијата претрпе сериозни загуби во регионалните избори, коишто се закана за стабилноста на владејачката коалиција.

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека по истекот на мандатот во 2021-ва година ќе се повлече од функцијата. Нема да се кандидира ни за нов мандат за лидер на Христијанско-демократската унија.

Одлуката следи откако партијата претрпе сериозни загуби во регионалните избори, коишто се закана за стабилноста на владејачката коалиција.

Меркел владее со ЦДУ од 2000-та година. Функцијата канцелар ја извршува од 2005-та година.