Франција

Макрон: Достоинствена одлука на Меркел

30.10.2018 10:29

Макрон смета дека одлуката на германската канцеларка Меркел да се повлече од функцијата по истекот на мандатот кон крајот на 2021 година е исклучително достоинствена.

Францускиот претседател Макрон смета дека одлуката на германската канцеларка Меркел да се повлече од функцијата по истекот на мандатот кон крајот на 2021 година е исклучително достоинствена.

Додаде дека изборните резултати во германската покраина Хесен не биле охрабрувачки поради растечката популарност на екстремната десница.

Меркел претходно најави дека нема повторно да се кандидира за претседателка на Христијанско демократската унија по лошиот изборен резултат во Хесен, но рече дека има намера да остане на чело на Владата до истекот на актуелниот мандат.