Заев: Реформската агенда се врати во Собранието
Треба да честитаме за одговорноста на двотретинското мнозинство пратеници, кое вчера ги донесе измените во законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и за судовите, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил...

Премиерот Заев на својот Фејсбук профил напиша- реформската агенда се врати во Собранието. Треба да честитаме за одговорноста на двотретинското мнозинство пратеници кое ги донесе измените во Законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и за судовите.
Според Заев, со нив се зајакнува контролата врз полицијата, а граѓаните се заштитени од неовластени ограничувања на правата. Вели, нема веќе самоволно прислушкување, реформите произлегуваат од извештаите на групата на Прибе и на другите меѓународни организации во европската агенда.
