Во Кривичен суд пристигнало барањето на Груевски за одложување на затворската казна

31.10.2018 14:21

Судијата за извршување санкции има рок од три дена да одговори на оваа жалба во која петмина адвокати навеле свои образложенија зошто бараат одложување...

Кривичниот суд денеска ја добил жалбата од одбраната на Никола Груевски за упатниот акт за издржување казна затвот за случајот „Тенк“, потврди претседателот на скопска единица, Џолев.

Сега судијата за извршување санкции има рок од три дена да одговори на оваа жалба во која петмина адвокати навеле свои образложенија зошто бараат одложување.

Доколу судијата ја отфрли жалбата, Груевски ќе има право да ја обжали до Кривичниот совет кој ќе треба да се произнесе исто така во рок од три дена. Инаку, постапувањето на Врховниот суд не ја одложува постапката ниту издржувањето на казната, посочи Џолев.

Според законот, првостепениот суд и судот надлежен за разгледување на вонредните правни лекови можат да одлучуваат по барањето.

На брифингот со новинарите, Џолев посочи дека од викендов веќе почнува преселбата на Кривичен во новата зграда.