Политика

Мицевски нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

01.11.2018 14:37

Без оглед на сите закани, уцени и притисоци, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со истиот курс во заштита на највисоките државни и национални интереси, заклучок на Извршниот комитет на партијата. Нов координатор на пратеничката група во Собранието е Никола Мицевски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе дејствуваат како една пратеничка група...

Без оглед на сите закани, уцени и притисоци, ВМРО- ДПМНЕ продолжува со истиот курс во заштита на највисоките државни и национални интереси, заклучок на извршниот комитет на партијата. Потврдени претходните одлуки за неменување на уставот со цел промена на уставното име и дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО останува приоритет во дејствувањето, но без нарушување на достоинството на Македонија и на македонскиот народ, се вели во соопштението.

На Извршниот комитет констатирани оставките на Даниела Рангелова и на Лука Кржалоски од позициите претседател на Унијата на жени и на подмладокот. Нов координатор на пратеничката група во Собранието е Никола Мицевски. Тој посочи дека остануваат на ставот дека ќе настапуваат во Собранието како и досега, против штетната политика на СДСМ.

Поранешниот координатор Данев се повлекува од лични причини, а за неговиот колега вели дека ќе даде дополнителна вредност во дејствувањето на партијата во Собранието.

Мицевски порача дека нивниот Предлог- закон за Амнестија обезбедува правда за сите обвинети за настаните во Собранието на 27-ми април. Само на тој начин, според него, може да се одвива процесот на национално помирување, а не преку тела и комисии кои нема да придонесат за демократските процеси.

 

Игор Панов