Заев попладнево на средба со новата пратеничка група за уставните амандмани
01.11.2018 15:38
На првата консултативна средба, што се одржа во понеделникот, било разговарано за сите четири точки од барањето на пратениците од опозицијата...

Премиерот Зоран Заев попладнево во 16:30 часот во Собранието ќе има нова средба со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на која ќе се разговара за нацрт- амандманите на Уставот што Владата што до утре треба да ги достави до Собранието, како и за формирањето кординативно тело за помирување.
На првата консултативна средба, што се одржа во понеделникот, било разговарано за сите четири точки од барањето на пратениците од опозицијата, кои го поддржаа отпочнувањето на процесот за измена на Уставот.
