Земјоделство

Субвенции за купена и платена пченица

02.11.2018 09:51

Откупувачите на пченицата можат да поднесуваат барање за новата субвенција. За да добијат финансиска поддршка од 1 денар за килограм купените количества треба да ги плтат до 15-ти декември. Барањата за субвенционирање се доставуваат најдоцна до 25-ти декември...

Корисници се правните лица регистрирани за преработка на земјоделски производи кои со склучен договор извршиле откуп на пченица од реколта 2018 година од домашно производство.

Финансиската поддршка од 1 денар по килограм се исплаќа за количествата кои се купени најдоцна до 15-ти септември, а плаќањето е извршено до 15-ти декември годинава.

Барателите треба да ги поднесат документите до 25-ти декември со доказ за откупот, извршена исплата и склучениот договор со секое земјоделско стопанство.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите барањата може да ги доставуваат во Платежната Агенција, а обрасците може да се подигнат во Агенцијата или на нејзината веб страница.

 

Методија Трајков