Авиосообраќај

Обновена авиолинијата Скопје- Атина

02.11.2018 10:05

По повеќе од една деценија повторно на Скопскиот аеродорм слета авион од Атина. Се обнови дирекното авионско поврзување меѓу Македонија и Грција...

По повеќе од една деценија на Скопскиот аеродром слета авион од Атина. Македонија и Грција го обновуваат директниот лет Атина- Скопје. Летовите ќе бидат два пати неделно. Меѓу првите патници вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој беше во посета на грчката престолнина. Новата авиолинија е значајна за бизнис заедницата на двете држави, а бизнисмените подолго време бараа да се обнови овој лет.

„Воставувањето на линијата Скопје – Атина ќе биде од огромно значење и за бизнис секторот се разбира и за македонските и за грчките граѓани. Ако ги споредуваме податоците во зголемувањето на приливот на патници ќе видиме дека имаме зголемување за 18 проценти од лани“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Летот трае еден час и 15 минути, а билетите се продаваат по цена почнувајќи од 43 евра.

„Верувам дека оваа нова авиолинија, овој директен лет кој што го воспоставуваме ќе ја опслужува не само бизнис заедницата во Грција туку и грчката заедница која што живее во Скопје. Освен тоа верувам дека ќе придонесе за тоа да се продлабочат и прошират трговските можности, туризмот и културната размена помеѓу нашите две земји“, изјави Панос Николаидис од „Ејџиан ерлајнс“.

Авиорелацијата Атина - Скопје беше прекината поради именувањето на нашиот аеродромот во „Александар Велики“. Пред склучувањето на Преспанскиот договор владата во знак на добра волја аеродормот го преименува во Меѓународен аеродром – Скопје.

 

Андријана Атанасовска