Политика

Владата ги усвои нацрт- амандманите на Уставот

02.11.2018 12:19

Во текот на денот нацрт- амандманите ќе бидат доставени до Собранието. Премиерот Зоран Заев рече дека во предложениот текст нема ништо спорно и дека се прифатени барањата на новоформираната пратеничка група...

Владата ги изготви четирите нацрт- амандмани за измени на Уставот согласно договорот со Грција. Во текот на денот ќе бидат доставени до Собранието. Премиерот Зоран Заев рече дека во предложениот текст нема ништо спорно и дека се прифатени барањата на новоформираната пратеничка група. Подоцна и другите пратеници, рече Заев, ќе може да достават амандмани на амандманите.

Првиот амандман, како што соопшти премиерот, се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Тоа, наваде премиерот, дел од конституцијата од Уставот на РМ само сега се додаваат формулации и тоа е фер кон сите помалкубројни заедници.

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четрвтиот амандман, појасни премиерот, покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, и ги унапредува нивните врски со татковината.