ЈУЖНА КОРЕЈА
Претставена апликација за следење на здравјето на Ким Јонг-ун
02.11.2018 12:20
Врз основа на видео-слики, програмата создава посебен тридимензионален модел, па ги следи и анализира промените во изгледот на објектот.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја претстави апликација за следење на здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.
Врз основа на видео-слики, програмата создава посебен тридимензионален модел, па ги следи и анализира промените во изгледот на објектот.
Од јужнокорејската парламентарна комисија за прашања од сферата на разузнавањето потврдија дека веќе неколку години, со оваа апликација се следи здравјето на Ким.
