Предлозите на новата пратеничка група вградени во нацрт- амандманите на Уставот
Предлозите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“, Владата ќе ги вгради во нацрт- текстот на амандманите што денеска треба да ги достави до Собранието. Координаторката на пратеничката група Елизабета Канческа- Милевска соопшти дека се известени од Владата дека нивните предлози се прифатени...

Координаторката на новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа- Милевска информираше дека Владата прифатила нивните предлози да се вградат во нацрт- амандманите на Уставот.
Како што рече таа, содржината на четирите амандмани, предложени од нив се гаранции за македонскиот идентитет, поништување на сите амандмани доколку Грција не го ратификува Договорот во нивното Собрание и ако повторно ги блокира евроинтеграциите на земјава.
Канческа- Милевска објасни дека ќе има временска рамка во која документите и македонските институции ќе треба да се приспособат на одредбите за употребата на името во внатрешниот поредок.
Пратеничката на СПМ, Владанка Авировиќ ќе членува во оваа пратеничката група, но посочи оти не е исклучена од партијата, чиишто интереси и понатаму ќе ги застапува.
Од новата пратеничка група најавија дека ќе поднесат иницијатива за формирање интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција. Тие се изјаснија против евентуалниот предлог за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.
Игор Панов
