На обвинетиот Марковски ќе му се суди во раздвоена постапка за собраниските настани од 27-ми април
02.11.2018 13:05
Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, откако судот ќе добие мислење за неговата здравствена состојба.

На барање на обвинителката Вилма Русковска, Судечкиот совет во предметот 27-ми април, одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој поради нарушена здравствена состојба е на болничко лекување. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, откако судот ќе добие мислење за неговата здравствена состојба.
Во Кривичниот суд продолжува судењето за другите обвинети за насилствата во Собранието. За 27-ми април обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
