Одбиена молбата на Груевски за одлагање на затворската казна
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8-ми ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“...

Судија за извршување санкции при Кривичниот суд ја одби молбата на поранешниот премиер Никола Груевски за одлагање на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот на СЈО- „Тенк“. Ова решение на судијата за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од три дена.
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8-ми ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“. Двете причини на кои се повикува Груевски за одлагање на казната се обврските што ги има како пратеник пред сѐ поради актуелните процеси во Собранието поврзани со уставните измени. Втората причина е поврзана со докторатот кој го одбрани летоска, односно врз основа на докторската теза да напише книга.
Во предметот „Тенк“ неправосилно осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на шест години затвор.
