Намален бројот на напади врз новинари

02.11.2018 14:44

Заштитата на новинарите и медиумските работници од закани, напади и насилство е возможна само со брзо и ефикасно финкционирање на надлежните институции. Обемната биркократија и долгите истраги се главен проблем, сметаат од Здружението на новинарите. Сепак, оваа година е за три пати намален бројот на напади врз новинарите...

Безбедноста на новинарите се подобрува, но сѐ уште постои неказнивост на насилството врз нив, што потткинува самоцензура- ова е еден од заклучоците на Меѓународниот ден. На ваквата состојба влијаат и обемната бирократија, бавните истраги и процесуирањето на судските спорови.

Според првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани, јасен показател за ова е фактот што има една пресуда од 54 напади врз новинари во последните пет години. Во соработка со ОБСЕ, е промовиран прирачник за безбедноста на новинарите за време на настани со висок ризик.

Во прирачникот се наведени и меѓународни препораки, методи и правните алатки за намалување на насилството врз медиумските работници.

Марина Стојанова- Тонева