Политика

ВМРО- ДПМНЕ не се согласува со нацрт- амандманите на Уставот

02.11.2018 14:59

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ не се согласува со нацрт- амандманите на Уставот. Според нив Договорот од Преспа е штетен по националните и државните интереси. Од СДСМ ги повикуваат сите пратеници да се вклулат во процесот на усвојување. Од новата независна пратеничка група ќе поднесат иницијатива за формирање интерпартиско парламентарно тело за помирување...

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со нацрт- амандманите на Уставот, предложени од Владата. Од партијата велат дека се тие дел од капитулацијата на Заев при за спроведувањето на Договорот со Грција. Го повторија ставот дека за нив, спогодбата од Преспа е штетна по националните и државните интереси на земјава, и е отфрлена на референдумот.

Пратеничката група на СДСМ, пак, ги повика сите пратеници кои не гласаа за пристапувањето кон уставните измени, да се вклучат во процесот за усвојување на нацрт- амамндманите. Според Социјалдемократите, тие се во насока за реализација на стратегиските интереси на земјава за полноправно членство во НАТО и во ЕУ.

Координаторката на новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа - Милевска информираше дека Владата прифатила нивните предлози да се вградат во нацрт- амандманите на Уставот. Како што рече таа, содржината на четирите амандмани, предложени од нив се гаранции за македонскиот идентитет, поништување на сите амандмани доколку Грција не го ратификува Договорот во нивното Собрание и ако повторно ги блокира евроинтеграциите на земјава.

Од новата пратеничка група најавија дека ќе поднесат иницијатива за формирање интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција. Тие се изјаснија против евентуалниот предлог за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. 

 

Игор Панов