Македонија со најголемо аерозагадување во Европа
Лош мирис и печење на очите. Во почетокот на грејната сезона, амбиенталниот воздух ја вброи земјава меѓу најзагадените во светот. Граѓаните негодуваат, бараат итни мерки. Властите тврдат дека работат напорно и синхронизирано...

Лош вкус и печење на очите. Скопјани почнаа да ја чувствуват лошата структура на воздухот. Уште во почетокот на грејната сеозна, метрополата рангирана меѓу шесте најзагадени во светот. Граѓаните свесни дека освен фабриките и автомобилите, домаќинствата со системите за греење се најголем причинител за загадувањето. Песимисти се дека институциите ќе се справат со проблемот.
Од Министерството за животна средина со одговор дека се идентификувани четириесетина мерки и е направена целосна анализа, за тоа кои од мерките се применети, а кои треба да се применат. Она што е најважно, велат, е дека е зајакната соработката и координацијата со институциите.
Од Градот Скопје, велат дека прават огромни напори против загадувањето. Преземале мерки со високо влијание врз квалитетот на воздухот, кои што можат веднаш да почнат и не бараат високи финансиски средства. Во постапка е и набавката на 40 нови еколошки автобуси и инвестиции во електромобилноста. Се субвенционираат граѓаните кои се греат на печки, дрва и други течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат помалку. Апелираат граѓаните да ги остават автомобилите и да користат јавен превоз или велосипеди. Велат дека инспекторите се на терен.
Според Светската здравствена организација, во светот годишно умираат околу 2 милиони луѓе како последица од загадувањето.
Александра Спировска
