Реакции

Прво темелна анализа за ефектите, па прогресивно оданочување

05.11.2018 16:04

Бизнис- заедницата бара одложување на прогресивното оданочување. Потребен е период за анализирање, велат од Стопанската комора на Македонија. Голем дел од компаниите веќе ги изработиле финансиските планови за идната година, па затоа се бара пролонгирање на владината мерка...

Бизнисот апелира прво да направат темелни анализи и консултации, да не се брза со даночните и со пензиските реформи. Иако Владата најави дека ќе ги консултира, од Стопанската комора велат, промените не се дискутирани, нивото донесување само два месеци пред примена ги засегна и фирмите кои веќе го имаат скроено финансискиот план за следната година. Остануваат на ставот за одложување на прогресивното оданочување.

Затекнати од известувањето, велат допрва ќе се анализираат негативните ефекти што ќе ги наметне воведувањето на новото оданочно решение за кое во септември сите комори веќе побараат одложување на примената за пет години

Освен даночната стапка која веќе беше презентирана, за целосно согледување на ефектите од овие нови решенија ќе треба детално да се анализираат и прашањата за даночната основа, субјектите, даночните повластувања, но и како ќе се спроведува контролата врз овој предложен даночен режим, имајќи предвид дека станува збор за целосно нов систем на даночно уредување на личните доходи поради што сметаме дека е потребно подолго време. Ова би се однесувало не само на прашањето какви ефекти ќе имаат предложените мерки врз приходната страна на Буџетот, туку и какви ќе бидат ефектите врз работењето на деловните субјекти и нивната продуктивност и конкурентност, но и недостигот на висококвалификувана работна сила“, вели Татјана Штерјова од Стопанската комора на Македонија.

Изненадени од експресно промовираните реформи во даночниот и пензискиот систем, експертите со различни ставови. Дел од нив велат мерката е само популизам, нема да го намали јазот мегу сиромашните и богатите, за дел од социјален аспект реформите се правдени и нема да удрат по бизнис заеницата бидејќи прагот има висока вредност.

Според бизнисменот Рафајловски, мерката ќе предизвика револт, бизнисите ќе бараат начин како надовр од државата да ги извлечат парите, а средната класаќе биде погодена.

Фирмите од информатичката дејност неколкупати уште при владините најави за воведување на прогресивното оданочување реагираа дека мерките ќе го дестимулираат развојот на висококвалификувани кадри, ќе се зголеми сивата економија, ќе се доведе до одлив на мозоци од земјава.

Владата од следната година најави прогресивно оданочување, 18 насто персоналец на приходи над 90 илјади денари, зголемување за 0,4 проценти на придонесите за пензиско осигурување, воведување социјална пензија за сите со работен стаж за оние само еден ден. Со даночните и пензиски реформи за 50 насто поголем ќе биде и данокот на капитални добивки, кирии. Со воведување на прогресивниот даночен систем, Македонија по 11 години ја напушта политиката на рамен данок.

Сузана Фиданска- Стоевска