Нацрт- амандманите за промена на Уставот пред членовите на Комисијата за уставни прашања

07.11.2018 10:31

Претресот ќе се одвива паралелно и на Законодавно- правната комисија, а расправата може да трае најмногу по три дена за секој од четирите амандмани.

Нацрт- амандманите за промена на највисокиот правен акт пред членовите на Комисијата за уставни прашања. Претресот ќе се одвива паралелно и на Законодавно- правната комисија, а расправата може да трае најмногу по три дена за секој од четирите амандмани.

Два се однесуваат на замената со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во членот 36, кадешто има историски аспект, а во преамбулата се менуваат одлуките на АСНОМ со Прогласот од првото заседание и се додава Охридскиот договор како конститутивен елемент на државата.

Третиот амандман се однесува на неповредливоста на границите, а во четвртиот, покрај потврдување на македонскиот идентитет, се наведува дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе учествуваат на комисијата и преку дебатата како што велат, жестоко ќе ги разобличат уставните амандмани.