Собранието ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

07.11.2018 10:34

Ќе се разгледува предлогот за одземење на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој е осуден на две години казна затвор. За тоа да се случи, потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници да гласаат „за“ на пленарна седница.

Во законодавниот дом, седница на Комисијата за мандатно- имунитетни и деловнички прашања. Ќе се разгледува предлогот за одземење на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој е осуден на две години казна затвор. За тоа да се случи, потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници да гласаат „за“ на пленарна седница.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ова е политички процес, а ставот ќе го искажат во Собранието. Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ веќе се изјасни дека нема да поддржи одземање на мандатот на Груевски.