Полагање на испит за инспектор во третата испитна сесија за 2018 година

06.11.2018 16:51
Инспекцискиот совет ги известува кандидатите кои се пријавиле на Јавниот повик за пријавување на кандидати за полагање на испит за инспектор во третата испитна сесија за 2018 година, бр.02-826/3  објавен на 19.09.2018 година, дека испитот ќе се одржи во просториите на Испитниот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, бул. Гоце Делчев 9 б, 1000 Скопје, во следниве термини:
 
16.11.2018 година  со почеток од 11.45 часот
19.11.2018 година  со почеток од 09.00 часот
19.11.2018 година  со почеток од 12.00 часот
 
Листите со имињата на кандидатите и предвидените термини можете да ги видите на веб страната на Инспекцискиот совет http://is.gov.mk