Инклузија на Ромите по завршување на Декадата на Ромите

07.11.2018 12:17

Ромите сѐ уште се соочуваат со сиромаштија, со тешки и несоодветни услови за живот, немаат работа, тешко доаѓаат до потребната медицинска нега...

Вработување, домување, образование и здравство- овде се лоцирани најголемите проблеми за припадниците на Ромската заедница. Тие сѐ уште се соочуваат со сиромаштија, со тешки и несоодветни услови за живот, немаат работа, тешко доаѓаат до потребната медицинска нега. Ова се случува и покрај тоа што со Декадата на Ромите, земјите- потписнички на декларацијата се обврзаа дека ќе работат на намалување на јазот помеѓу Ромите и другите националности.

Од канцеларијата на омбудсманот велат дека иако надлежните министерства треба да издвојат средства од буџетите, најголем дел од активностите досега се спроведуваат од проекти и со донации однадвор. Оттука, препораката е да се промени перцепцијата за припадниците на Ромската заедница и да се преземат мерки.

Новата стратегија за Ромите се темели на потребата од континуирани напори за подобрување на нивната интеграција.

Република Македонија на патот на приближување на Европската унија, беше условена поефикасно да се посвети на интеграцијата на Ромската заедница.

 

Александра Спировска