СДСМ: Измамите, криминалот, деструкцијата- симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски

07.11.2018 13:16

Измамите, пласирањето лаги во јавноста, криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски, велат Социјалдемократите.

Пропаднатиот проект кој беше ветен од криминалната власт на Никола Груевски, за луксузен туристички комплекс на Охридско Езеро на местото на автокампот Љубаништа на површина од неверојатни 240 хектари, останува забележан како една од најголемите измами во поновата историја на Македонија, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.

Измамите, пласирањето лаги во јавноста, криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски, велат Социјалдемократите.

Одбраната на криминалот на Груевски пак, е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.

Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски. Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.