ВМРО-ДПМНЕ: 60% од граѓаните не се чувствуваат безбедно

07.11.2018 13:18

Откако СДСМ е на власт, а Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, има девет нерасчистени убиства, голем број опожарени возила и грабежи,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека според анализите, над 60% од граѓаните не се чувствуваат безбедно, а оваа власт е директен виновник за тоа.

Откако СДСМ е на власт, а Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, има девет нерасчистени убиства, голем број опожарени возила и грабежи,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ефикасноста на полицијата и откривачката дејност во Скопје е рекордно ниска, а стапката на криминалитет е енормно зголемена. Раководството на МВР наместо да го гони, го штити криминалот,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.