Димитров во дводневна посета на Германија
Шефот на дипломатијата во обраќањето во Комисијата ќе информира за спроведувањето на Договорот од Преспа, за најновиот развој на внатрешно- политичката состојба во земјава и за реформската агенда неопходна за интеграцијата во ЕУ и во НАТО.

Договорот од Преспа и политичката ситуација во Македонија ќе бидат главните теми на средбите на шефот на дипломатијата Димитров во Германија. Дводневната посета на Димитров е на покана од претседавачот на Комисијата за европски прашања во германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум.
Шефот на дипломатијата во обраќањето во Комисијата ќе информира за спроведувањето на Договорот од Преспа, за најновиот развој на внатрешно- политичката состојба во земјава и за реформската агенда неопходна за интеграцијата во ЕУ и во НАТО.
За време на посетата, Димитров ќе има средба и со својот германски колега Хајко Мас и со Јан Хенкер, советникот за надворешна политика на канцеларката Меркел.
