Бошњаковски: АСНОМ останува во Преамбулата, химната не се менува

07.11.2018 13:36

Владиниот портпарол нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат напаравени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

АСНОМ останува во Преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите сите донесени одлуки, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи.

Владиниот портпарол нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат напаравени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

Процесот е во Собрание, денеска е расправата во Уставната комисија. Ве упатувам да го следите тој пороцес, истакна Бошњаковски.

Тој уште еднаш потенцира дека по ниеден основ нема да се чепка државната химна, нуту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.