Претставичкиот дом на демократите, Сенатот на републиканците
Демократите обезбедија мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, а Сенатот останува на републиканците. Полумандатните избори во САД предизвикаа огромен интерес и на европскиот континент каде што многумина очекуваат поумерена политика на Вашингтон во наредните две години. Овие полумандатни избори се толкуваат како референдум за претседателот Доналд Трамп...

За првпат по осум години, Демократите ја враќаат контролата во Претставничкиот дом на Конгресот со што директно може да ја попречат агендата на американскиот претседател Доналд Трамп, чие републиканско мнозинство ја зацврстува позицијата во Сенатот. Во вториот дел од мандатот, челникот на Белата куќа ќе мора да им отстапи поголем простор на колегите од демократските редови во решавањато на одредени прашања.
„Ќе имаме одговорност и ќе се стремиме кон пвопартиски правда за сите страни. Демократскиот конгрес ќе работи за решенија кои ќе не приближат едни до други, зашто ни е доста од поделба“, нагласи Ненси Пелоси, лидер на демократите во Претставничкиот дом.
„Одам во Вашингтон да работам, а не на натпревар за популарност. Кога имавме ужасен ураган, народот не прашуваше дали си демократ или републиканец. Бараше помош, се обединуваше. Истото можеме да го направиме сега и во Вашингтон“, рече Рик Скот, републикански сенатор од Флорида.
Полумандатните избори во САД се следеа со голем интерес и во Европа каде што многумина очекуваат ублажување на политика на Трамп. Некои се надеваат дури и на процедура за негов импичмент.
Потпретедателот на Европската комисија Тимерманс на Твитер напиша дека е инспириран од гласачите во САД кои избрале еднаквост наместо дискриминација и застанале зад своите вредности, потенцирајќи дека и тие ќе го направат истото на мајските избори во Европскиот Парламент.
Односите на релација Брисел - Вашингтон беа влошени поради критиките на Трамп кон европскиот блок, поддршката за Британија за Брегзит, политиката на САД за Блискиот Исток и заканите од администрацијата на Белата куќа за трговска војна со Европската унија.
Маја Филдишев
