Заев: Груевски доброволно заминал или е киднапиран
Истрагата што се води во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да покаже како поранешниот премиер избегал од земјава...

Јасно е дека Никола Груевски побегнал со унгарско дипломатско возило. Отворена е двојна истрага која треба да утврди како избегал, а откако ќе заврши МВР ќе ги соопшти сите детали, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој очекува екстрадиција на екс-премиерот Груевски и во земјава да ја отслужи казната затвор.
„Ги уверувам граѓаните дека ќе направиме се што е во наша надлежност Груевски да биде екстрадиран и да ја отслужи казната во Македонија. Нема да застанеме додека тоа не се случи. И јавно го поставувам прашањето, дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена потврдата за казната затвор или можеби бил киднапиран. Очекувам Груевски и Унгарија да дадат одговор“, истакна премиерот Заев на прес- конференција во Владата.
Истрагата што се води во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да покаже како поранешниот премиер и осуденик на две години, Никола Груевски избегал од земјава.
