ВМРО-ДПМНЕ: Загадувањето расте, да се преземе одговорност
Од опозиција ветуваа итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, од позиција на власт немаат преземено ништо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Шилегов не преземат ништо додека граѓаните се трујат од загаден воздух. СДСМ две години ги замајува граѓаните. Од опозиција ветуваа итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, од позиција на власт немаат преземено ништо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Скопје последните десетина дена е на врвот на листата на најзагадени градови во Европа. Мерните станици во овој период од годината во Скопје покажуваат дека нивото на канцерогени ПМ10 честички е два до три пати поголема од дозволеното, што е исклучително опасно за малите деца, бремените жени, возрасните над 65 години и лицата со хронични заболувања, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
