На Груевски ќе му се суди во отсуство

16.11.2018 14:21

Обвинителството побара одредување мерка притвор за Груевски за оваа постапка. Одбраната со коментар дека Груевски е во Унгарија каде што бара политички азил, со што, според неа, не биле исполнети условите за судење во отсуство.

На почетокот на рочиштето за предметот „Насилство во Центар“ судот донесе одлука на обвинетиот Никола Груевски, кој е во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Обвинителството побара одредување мерка притвор за Груевски за оваа постапка. Одбраната со коментар дека Груевски е во Унгарија каде што бара политички азил, со што, според неа, не биле исполнети условите за судење во отсуство.

Судот по барањето за притвор на Груевски, со оглед дека е пратеник, кажа дека ќе одлучи по добивање на мислење за тоа.

Во судница се присутни останатите обвинети, меѓу кои и екс- министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој со полициско обезбедување беше донесен од притвор. Груевски и Јанакиески, заедно со повеќе лица се обвинети за насилствата во општина Центар во 2013-та година.