Одложено рочиштето за собраниските настани од 27-ми април
Ново рочиште за „27-ми април“ е закажано за утре. На претходното рочоште беа читани вештачењето на мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски...

Судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија денеска не се одржа, бидејќи, како што велат од Кривичниот суд, за тоа се договориле на минатото рочиште судијата, обвинителите и адвокатите. Ново рочиште за „27-ми април“ е закажано за утре.
На претходното рочоште беа читани вештачењето на мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, задолжен за електронското гласање во Собранието, кое се однесува на СМС-пораки, фејсбук и виберкомуникацијата во периодот од март до април 2017 година.
Во судница беа присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски, за кого постапката беше одвоена.
За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
