ВМРО-ДПМНЕ: 1,6 милиони против загадувањето, 7 за луксуз
Партијата прашува, дали комодитетот и хедонизмот на државните и партиските функционери се поважни од здравјето на граѓаните? Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат и во какви фотељи ќе седат?

Срамен е фактот што за борба против загадувањето, односно за спас на илјадници човечки животи, владата планира наредната година да потроши само 1,6 милиони евра буџетски пари, додека за луксузни автомобили и мебел ќе потроши неверојатни 7 милиони евра, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата прашува, дали комодитетот и хедонизмот на државните и партиските функционери се поважни од здравјето на граѓаните? Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат и во какви фотељи ќе седат?
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира, Владата да го слушне гласот на граѓаните, експертите и лекарите, и веднаш да ги прифати итните мерки кои ги предлага против загадувањето.
