Здравство

Прекумерна употреба на антибиотици

19.11.2018 14:38

Светска недела за рационална употреба на антибиотици. Лекарите апелираат на разумност, фармацевтите тврдат- повеќе се умира од отпорност на лекови, отколку во сообраќајки...

Македонија е меѓу европски лидери по отпорност на населението на антибиотици, покажуваат анализите на Светската здравствена организација. Ова влијае на здравјето, но и на буџетот на Фондот.

Од Институтот за јавно здравје велат дека е потребно да се зајакне улогата на матичните лекари и фармацевтите.

Фармацевтите велат- повеќе луѓе умираат од отпорност на лекови отколку од сообраќајни незгоди. Граѓаните кои ги анкетиравме велат оти внимаваат и не земаат лекови на своја рака.

Консатирано е дека е потребно да се работи на едукацијата за да се спречи прекумерна и нерационална употреба на антибиотици.

Со неколку клучни пораки, се одбележува Светската недела за рационална употреба на антибиотици.

 

Александра Спировска