Во администрацијата превработеност, но и недостаток од професионален кадар
Власта и Синдикатот со различни информации околу аминистрацијата. Министерот најавува нејзино кратење, а Синдикатот вели дека се изненадени од најавата и бараат вклучување во процесот...

На одредени позиции во администрацијата има превработеност, за други има потреба од квалитетни кадри, велат од ресорното министерство. Предвидено е да се намали бројот на вработени, но да се зголемат платите. Во приватниот сектор ќе заминат само оние кои сакаат, вели министерот Манчевски.
Синдикалците затекнати од ваквите најави. Првиот човек на УПОЗ, Пецо Грујоски вели дека преговорите за колективните договори одат добро, но се изнанадени од планови за кратење на администрацијата. Бараат Синдикатот да биде вклучен во процесот.
Ќе се менува и Законот за инспекциски надзор. Се предвидува платите на инспекторите, кои сега се исти со оние на администрацијата, да бидат зголемени, за да се отстранат можностите за влијанија и корупција.
Ниту од Министерството, ниту од Синдикатот не гледаат проблем што новите вработувања ќе бидат на определено време, а истовремено ќе се отпуштаат вработени на неопределено.
Фиљана Кока
