„Есенска бура- 18“- заедничка вежба на АРМ и МВР

22.11.2018 13:28

Предвидена е оценка за вежбата од надлежните министри, Шекеринска и Спасовски, како и од началникот на Генералштабот, генерал- мајор Ѓурчиновски.

„Есенска бура- 18“ на Криволак, заедничка вежба на АРМ и МВР со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Предвидена е оценка за вежбата од надлежните министри, Шекеринска и Спасовски, како и од началникот на Генералштабот, генерал- мајор Ѓурчиновски.

На Денот за високи гости ќе присуствуваат и директори и раководители на институциите од кризниот менаџмент и Министерството за внатрешни работи, генерали на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници од ГШ на АРМ и МО, команданти на командите и единиците на АРМ и други гости.

Според програмата,  ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки од кризниот менаџмент кои ги реализираа припадниците на АРМ и МВР, поддржани од ДЗС и ЦУК за време на вежбата „Есенска бура-18“.