„Турски тек“ ќе поминува низ Србија, Бугарија, Унгарија и Словачка
Првата испорака на гас во Бугарија и во Србија ќе почне во 2020 година, до Унгарија рускиот гас ќе стигне една година подоцна, што ќе и овозможи на руската компанија до 2022 година во целост да ја запре испораката на гас преку Украина.

Руската компанија „Гаспром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи трасата низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка. Руските медиуми ги објавија почетокот и сите подготвителни процедури.
Првата испорака на гас во Бугарија и во Србија ќе почне во 2020 година, до Унгарија рускиот гас ќе стигне една година подоцна, што ќе и овозможи на руската компанија до 2022 година во целост да ја запре испораката на гас преку Украина.
Руски „Комерсант“ пишува дека ова е „Јужен Тек“, кој Европската унија го запре уште во 2014 година под притисок на САД. Овој пат ќе биде драстично покомплицирано да се влијае на тоа проектот да запре, затоа што „Гаспром“ во целост ги почитува законите на ЕУ.
