ЕК: Потребни се објаснувања од Унгарија за одлуката за азил
Ова е одлука на судија, ние судски одлуки не коментираме, но дури овој тип на одлуки треба да бидат објаснети, изјави портпаролот на Европската Комисија Маргаритис Скинас, запрашан за политичкиот азил што поранешниот премиер Никола Груевски го доби во Унгарија...

Европската комисија го дели ставот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. дека одлуката да му се додели азил на Никола Груевски заслужува дополнителни објаснувања од страна на унгарските власти.
„Нема бегање од владеењето на правото“, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Скинас.
Тој порача дека одлуката за доделување на азил за Груевски е одлука на судијата и дека Европската комисија „не може многу да направи тука“, но тоа не значи дека не се потребни дополнителни објаснувања.
