Одбележан Денот на албанската азбука

22.11.2018 15:50

Во земјава пристигна и албанскиот претседател Илир Мета, кој заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја посетија Скопската чаршија и споменикот на Скендер Бег...

Со повеќе настани во Скопје и Битола се одбележува Денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес. По тој повод во земјава пристигна и албанскиот претседател Илир Мета, кој заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја посетија Скопската чаршија и споменикот на Скендер Бег.

По повод празникот, во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците ќе бидат доделени признанија.

Централното одбележување е закажано за утре во Битола каде ќе се одржи научна сесија посветена на 110-годишнината од Битолскиот конгрес.