Одбрана

Шекеринска: Македонија ќе стане земја- членка на НАТО во првите три месеца од наредната година

22.11.2018 16:30

Македонија ќе стане земја членка на НАТО во првите три месеца од идната година, предвидува министерката за одбрана Шекеринска, по проследувањето на вежбата „Есенска бура“ на „Криволак“. Припадниците на АРМ, на МВР и на цивилната заштита вежбаа заеднички мировни и антитерористички операции...

НАТО високо ја оценува професионалноста и обученоста на македонските војници во мировната операција во Авганистан. Доказ дека единиците на Армијата се меѓу најдобрите во светот, се сребрениот медал меѓу стотина армии во Британија и второто место на напревар за снајперисти во Кина, изјави министерката за одбрана Шекеринска пред учесниците на вежбата одржана на „Криволак“. Шефицата на македонската одбрана рече и дека Македонија ќе стане членка на НАТО на почетокот на идната година.

Антитерористички операции во странство, мировна мисија под знамето на Обединетите нации, е сценариото на вежбата „Есенска бура“ со учество на над 400 припадници на Армијата, полицијата и цивилната заштита. Целта е увид на предностите и пропустите при заедничко дејство на овие безбедносните сили, за зголемување на ефикасноста со минимум капацитети.  Ден за високи гости на вежбата, присутни воените аташеа од земјите- членки на Алијансата.

Ова е прва заедничка вежба во која учествуваат припадници на АРМ, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Вакви вежби ќе се одржат и наредната година за поголема подготвеност на македонските безбедносни сили.

 

Ирина Гелевска