Метео: Променливо облачно, температура до 14 степени
22.11.2018 16:55
Утринската температура на воздухот на места ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини можна е појава на утринска магла.
Утринската температура на воздухот на места ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.
Овие временски услови ќе се задржат на нашето подрачје и во сабота. Од недела настапува зголемена облачност која што ќе донесе нови врнежи од дожд.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
