Состанок на Мешовитиот управувачки комитет меѓу владите на Македонија и Германија
Иницијалниот состанок на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, формиран за продлабочување на економските односи помеѓу двете земји ќе се одржи денеска во Владата...

Иницијалниот состанок на Мешовитиот управувачки комитет меѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, формиран за продлабочување на економските односи меѓу двете земји ќе се одржи денеска во Владата.
По завршување на состанокот, напладне ќе се одржи прес- конференција на која ќе се обратат вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на одделот за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција во сојузното Министерството за економија и енергетика на германија, Хелге Толксдорф.
Се очекува Комитетот да оствари соодветни резултати во насока на имплементација на стратегија за дуално образование која ќе даде позитивни ефекти за преквалификација на работоспособното население и негово апсорбирање на пазарот на трудот.
