Димитров на министерски состанок во Солун

23.11.2018 10:39

Квадрилатералната средба започна синоќа со вечера на четворицата министри, додека работниот дел започна утрово со обраќање на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, по што ќе следи средбата на министрите за надворешни работи.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, заедно со неговите колеги од Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, учествува на четвртиот министерски состанок во Солун, на покана од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Квадрилатералната средба започна синоќа со вечера на четворицата министри, додека работниот дел започна утрово со обраќање на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, по што ќе следи средбата на министрите за надворешни работи.

Потоа предвиден е состанок на министрите за економија и развој, додека на крајот од работниот ден, домаќинот Катругалос ќе одржи прес- конференција.