Манчевски: Целиме кон укинување на цените на роамингот со ЕУ до 2021

23.11.2018 10:53

Според министерот треба да се направат промени во голем број регулативи, меѓусебни договори, како и односи помеѓу операторите...

„Прв чекор кон бесплатен роаминг во регионот е приклучувањето на Албанија и на Косово кон иницијативата“, изјави министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски во интервју за МИА.

На 6-ти ноември се одржа состанок на претставниците на Европската комисија со претставници на регулаторите од земјите од Западен Балкан. Беа претставници и од соодветните министерства. Направен е официјален план, со што земјите од Западен Балкан бараат, но веќе има комуникација со Брисел, како да се дојде до целосно укинување на цените за роаминг со земјите од ЕУ до 2021, појаснува Манчевски.

Според него треба да се направат промени во голем број регулативи, меѓусебни договори, како и односи помеѓу операторите од одделни земји на регионот.