Пакистан: Жртви во напад врз Кинескиот конзулат
23.11.2018 10:18
Повреден е еден чувар во инцидентот во кој беше детониран експлозив и отворен оган во луксузната населба Клифтон...

Сепаратистичкото движење Армија за ослободување на Белуџистан презеде одговорност за нападот врз Конзулатот на Кина во Карачи, во кој загинаа пакистански полицајци.
Повреден е еден чувар во инцидентот во кој беше детониран експлозив и отворен оган во луксузната населба Клифтон, каде што се наоѓа конзулатот на Кина и дипломатски претставништва на неколку други земји.
