Продолжува судењето за „Титаник“
На минатото рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013-та година.

Со преслушување на снимените разговори денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
На минатото рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013-та година.
Во најголем дел од разговорите се слушаше гласот на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како разговара со партиски членови и директори на денот и по изборте, прави анализа на изборните резултати од вториот круг и каде им одговара да се одржи трет круг во општина Центар.
На почетокот на минатото рочиште Судот донесе одлука на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство.
