Политика
Собранието ќе одлучува за имунитетот на Груевски
27.11.2018 10:55
Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“. Обвинет е и во „Траекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.

До Собранието се поднесени пет барања за одземање на имунитетот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој пребега и доби политички азил во Унгарија. Ќе бидат разгледувани на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“. Обвинет е и во „Траекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.
Екс- премиерот е осомничен и во неколку отворени истраги на Специјалното јавно обвинителство.
