Унгарски парламент

Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

27.11.2018 11:13

Одговарајќи ја прашања од пратениците, премиерот Виктор Орбан, повтори дека му е благодарен на Груевски за затворање на бегалската рута и кажа дека бил прогонуван на меѓународно ниво од Сорос.

Политичкиот азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски меѓу главните теми во унгарскиот Парламент. Одговарајќи ја прашања од пратениците, премиерот Виктор Орбан, повтори дека му е благодарен на Груевски за затворање на бегалската рута и кажа дека бил прогонуван на меѓународно ниво од Сорос.

Орбан оценувајќи ја сегашната ситуација во Македонија, рече дека се случуваат политички игри во кои како што кажа, вмешано е и владеењето на правото.

Прашан од унгарската опозиција дали се сретнал со Груевски, Орбан одговори дека немал време да диши, а не пак да се сретне со екс- премиерот.