Ново рочиште за убиството на Никола Саздовски
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски. Обвинети се Бесир Беља и Скендер Демири.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци.
На минатото рочиште еден од сведоците во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29-ти јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.
Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сѐ уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.
