Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
27.11.2018 11:23
Под обвинение за собраниските настани се 33 лица...

Со сослушување на сведок предложен од одбраната, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за собраниските настани од 27-ми април минатата година.
Во судница се присутни сите обвинети. Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.
Под обвинение за собраниските настани се 33 лица. Од нив, 31 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца за помагање.
