Протести за Г-20 во Аргентина
Самитот ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември. Настанот ќе го обезбедуваат 22 илјади полицајци и 700 агенти на Министерството за безбедност.

Илјадници луѓе се собраа на спортски стадион во Буенос Аирес на протести против самитот на Г-20 и против претседателот Маурисио Макри, кој склучи договор вреден 57 милијарди долари со ММФ во септември за да се справи со економската криза во земјата.
Самитот ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември. Настанот ќе го обезбедуваат 22 илјади полицајци и 700 агенти на Министерството за безбедност.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Трамп ќе има работна вечера со неговиот кинески колега, Си Џинпинг со можност двете земји да постигнат трговски договор.
Претходно Трамп изјави дека би можел да го откаже состанокот со рускиот претседател Путин на самитот, поради инцидентот во Керченскиот теснец.
