ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со антивладини протести

28.11.2018 15:10

Повод за протестите, како што велат, од ВМРО-ДПМНЕ е фактот што државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека се тоне во сиромаштија, криминал и корупција.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со антивладини протести. Попладне ќе организира марш од седиштето на партијата до Владата. Повод за протестите, како што велат, од ВМРО-ДПМНЕ е фактот што државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека се тоне во сиромаштија, криминал и корупција.

„Протестен марш против црнилата на СДСМ и Владата на Заев. Протестен марш против разнебитувањето на македонската држава и македонскиот народ. Поради промената на името која влада ја турка и срамниот договор. Поради идентитетот кој го деградираат и загрозуваат. Поради срамот кој го нанесуваат и достоинството на државата кое сакаат да го одземат. Поради поништувањето на волјата на граѓаните изразена на референдум. Но, исто така ќе протестираме и против политичките, економските и општествените црнила“, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Од периодот што измина единствено може да се заклучи дека оваа неспособна влада не испорачува резултати и води штетни политики за државата и за интересите на граѓаните- велат од опозициската партија.